| четврток, 6 декември 2018 |

Католиците го празнуваат Велигден

easter-eggsЦрквите и верниците кои го почитуваат грегоријанскиот календар денес го слават воскресението Христово – Велигден.

Македонскиот политички врв, како и други истакнати личности, денес на сите католици им го честитаа празникот.

-Велигден, значи, за сите нас има не само голема порака туку и послание. Кога сега околу прославата за Велигден се обновуваме во верата на изворот на најголемите таинства на спасението ние стануваме нови и подобри луѓе. Проштевањето е можно само во светлината на прифаќањето на верата – порача скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов.

Во Ерусалим денес се собраа најмногу верници и аџии за да го одбележат празникот. Со прославата на Велигден се завршува одбележувањето на светата недела, која е сеќавање на распнувањето и Исусовото воскресение.

Стојанов на велигденската воскресна литургија која се одржа синоќа во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје на крај од читањето на велигденската порака додаде:

-Додека Ве благословувам во името на Отецот и Синот и Светиот Дух Ви го честитам Воскресението Христово и се радувам што Неговото победоносно лице ќе блесне во нашите срца. Христос Воскресе!

Денес велигден прославуваат и македонските католици кои со различни активности во текот на целиот ден го обележуваат овој најголем христијански празник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top