| четврток, 6 декември 2018 |

Кери ги обвини Кина и Русија дека му ги читаат пораките

Американскиот државен секретар Џон Кери ги обвини Кина и Русија дека, најверојатно, ги читаат неговите електронски пораки и предупреди дека прашањето за кибернетското пиратство ќе биде отворено на средбата на претседателот Барак Обама со кинескиот претседател Си Џинпинг.

keri

Во интервју за „Си-Би-Ес“, Кери посочи дека постои голема веројатност дека Русија и Кина му ги читаат пораките бидејќи изминатите денови станало познато дека тие нападнале одреден број американски интереси.

Кери додаде дека кога пишува електронски пораки тоа го прави со сознание дека Русија и Кина, можеби, го читаат.

– За жал, живееме во свет во кој одреден број земји, во таа смисла и Кинезите и Русите, постојано се вмешани во напади против американските интереси, против американската влада – додаде Кери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top