| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркари повторно го совладаа Израел

basket-mkd-500
Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во низа во пријателските мечеви пред Евробаскетот 2015.
Црвено-жолтите по вторпат играа против Израел и повторно победија со резултат 69-64.

Слично како и на првиот натпревар одигран во Охрид, гостите беа подобри само во воведните минути кога поведоа со 2:8. Македонската селекција, набрзо потоа го сврти резултатот во своја корист и го контролираше до самиот крај.

Првата четвртина заврши со водство на Македонија од 24-17, а предноста на полувреме беше двоцифрена 46-33.

Во последните десет минути гостите повторно заиграа поангажирано, намалувајќи го нашето водство на 65-60, но Македонија не дозволи изненадување и натпреварот заврши со конечни 69-64.

Предраг Самарџиски со 13 поени беше најпрецизен во македонската репрезентација, а Војдан Стојановски втор со 12 поени.

Македонската кошаркарска репрезентација следниот пријателски натпревар ќе го игра во Гевгелија против селекцијата на Венецуела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top