Со живописни села, вински региони, прекрасни планини и езера, Македонија има прекрасни пејзажи, и е земја со богата историја и со гостопримливи луѓе. Ова се најчестите коментари на странските сајтови специјализирани за туризам, кои ја препорачуваат Македонија како дестинација која треба да се посети. Од престижниот „Њујорк тајмс“ Македонија беше карактеризирана за следна балканска дестинација за 2015 година.
Еве неколку причини зошто да се посети нашата земја, кои ги наведуваат странските туристи:
Спој од ново и од старо Нови монументални градби во центарот на градот, споени со историскиот Камен мост и со раздвижената и прекрасна Стара чаршија.
Вредност Според странските туристи, во Македонија има поволен девизен курс, со педесет и нешто денари за еден долар. Хотелските соби во добар хотел не се скапи и може да ве чинат околку 50 долари, може да добиете еспресо за 40 центи, а такси возилото може да ве чини од три до пет евра за транспорт низ градот. Не е скапо ниту пивото, ниту јадењето брза храна, како сендвичи или мини-пица.
Народ Луѓето се пријателски расположени и секој може да ви даде информација за сместување или за работи кои ве интересираат. Македонскиот јазик е официјален, но речиси секој зборува англиски, а исто така може да се снајдете и со германски, италијански, албански, бугарски и со српски.
Јадење Од прекрасна кифла со сирење во пекарница, до префинето јадење, локалната храна е превкусна, а добар ручек нема да ве чини повеќе од 20 долари по човек. Пробајте ја „шопската салата“, во неа има краставици и домати кои се покриени со вкусно солено сирење. Немојте да го прескокнете ниту гравот, кој ќе ви го послужат во ќерамички сад.
Винарски визби Македонија во последно време станува препзнатлива по своите вина. Бројот на винарски визби од година во година расте, а нивните производи стануваат препознатливи на светските пазари. Црвено, бело или розе, може да најдете вино по пристапни цени.
Активности на отворено – Зависно од сезоната, постојат многу можности за активности на отворено, како на пример пливање, кајакарство, скијање , качување на карпи, пештери, риболов, нуркање, параглајдерство, велосипедизам, голф. Во Скопје, исто така, може и да се пешачи до врвот на планината Водно.
Споменици – Богата со историја која датира уште од 6000 години пред Александар Велики, земјата нуди археолошки локалитети, споменици на борбите за слобода, има сосема нов археолошки музеј на Македонија во Скопје, кој ја следи историјата на земјата, а народни носии од различни региони, пак, се прикажани во Музејот на Македонија. Нов е и споменикот на Мајка Тереза, која е родена и израсната во Скопје.
Шопинг – Во прилог на модерните трговски центри, како Сити мол, Рамстор и Веро, надворешните пазари се исто така полни со свежо овошје и со зеленчук. Ценкањето е авантура, но во Чаршијата цените се толку ниски, што тоа е речиси непотребно.
Хотели – Лесно се резервира на Интернет, хотелите и хостелите се со добра цена. На пример, цените во новиот хотел „Буши“ во Старата скопска чаршија изнесува околку 100 долари, а соба во хотелот „Инекс Дрим“ со поглед на Охридското Езеро во Струга, е околу 50 долари.
Фестивали – По Нова Година популарни се Карневалот во Вевчани и на 14 февруари, празникот Свети Трифун, денот кога се закројуваат лозјата. Поголемиот дел од фестивалите се одржуваат во текот на летото – со голем број можности. Тука е Пивофест, фестивал на пивото во Прилеп, славењето на Илинден и Регатата, Скопскиот џез фестивал и неколку меѓународни фестивали. Уникатна е Галичката свадба, потоа Денот на Свети Петар и Павле, кога на Галичник се молзат овци и има натпревар по стрижење, пеливанско борење, веселби и традиционалните танцување.
Инаку, Македонија е меѓу 52 локации за посета во 2015 година, според американскиот весник „Њујорк тајмс“. Секоја година овој весник составува листа од земји кои им ги препорачува на своите читатели да ги посетат во претстојната година. На оваа листа Македонија е сместена на десеттото место, во друштво на светски познатите туристички атрактивни земји, како Куба, Чиле, Сингапур, Националниот парк „Јелоустоун“ и егзотичните острови Сент Винсент и Гренадини. „Њујорк тајмс“ пишува дека Македонија е најактуелната балканска дестинација, позната по своите единствени манастири и по бистрото Охридско Езеро. Весникот наведува дека секој од посетителите може да најде по нешто атрактивно, како искачување на Шар Планина и нејзиниот алпски изглед, да ужива во прекрасното вино од локалните произведувачи или во традиционалната кујна по пристапни цени.
Извор: Лидер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст