| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Комплетно се подобрува железничката инфраструктура во земјава

DSC_9248

Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп.

DSC_9269

– Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година, изјави Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски направи увид во текот на градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп.

DSC_9264

Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10.

DSC_9264

– Сите овие железнички станици воопшто не се обновувани откако се градени. Конкретно, прилепската станица датира од 1931 година и ова е прва нејзина темелна реконструкција. Добро е да се заврши една таква темелна реконструкција на железничките станици, рече Груевски.

DSC_9255

Во тек е и набавката на нови композиции и вагони за патничкиот сообраќај, а веќе се набавени и 150 вагони за товарниот сообраќај.

DSC_9235

– Реконструкцијата на пругата на Коридорот 10 е во длабока и завршна фаза. Патничките вагони треба да стигнат до јануари наредната година. Со овие зафати во трите клучни сегменти во железничкиот сообраќај, граѓаните повеќе ќе го користат и ќе патуваат поудобно. Железничкиот сообраќај е исклучително значаен и за нашите граѓани и за оние кои транзитираат низ Македонија, нагласи премиерот Никола Груевски при денешниот увид на работите на реконструкцијата на железничката станица во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top