Изградбата на трите автопати се одвива според предвидената динамика. Имаше сосема мал застој поради лошите временски услови, но тој е надоместен. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи за реконструкција на железничката станица во Прилеп.
– Во Македонија во моментов се градат три автопатишта и имаме добар прогрес кај сите. На автопатот Скопје – Штип пробиено е 90 отсто од трасата, кај автопатот Демир Капија – Смоквица има прогрес 57 отсто, а на автопатот Кичево – Охрид пробиено е 37 отсто од трасата, изјави премиерот Груевски.
Тој посочи дека се работи со полна пареа на трите автопати и оти за нивна изградба се ангажирани 2.220 работници.
– Изградбата на автопатите има и голема и важна компонента за домашната економија преку ангажманот на локалните компании подизведувачи. Воедно, ќе има и голема компонента и кога ќе бидат завршени во делот на економскиот развој, потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст