1. Мускулите на вашиот задник се најголемите на целото ваше тело.Размислете, вашиот задник мора да го држи вашето торзо исправено. Исто така, колку се посилни мускулите на вашиот задник, толку повисоко ќе можете да скокнете.
3. Имате поголем задник од вашето момче бидејќи естрогенот таму ги испраќа вашите маснотии. Во телото на мажите маснотиите се собираат во стомакот, додека пак, естрогенот кај жените ги насочува директно кон нивните задници. Тоа е една од причините зошто почесто се гледаат жени со голем задник, а мажи со голем стомак.
4. Можете да се здобиете со рак на кожата од вашиот задник, дури и ако тој никогаш не видел дневна светлина. Ракот на кожа може да се појави дури и на најнеобичните места ширум телото, вклучувајќи ги и областите помеѓу вашите прсти, пазувите, задникот и гениталиите. Тоа е една од најголемите причини зошто вашиот доктор треба целосно да го проверува секој дел од вашето тело.
5. Колку е поголем вашиот задник, толку сте попаметни. Според една студија спроведена од Универзитетот „Оксфорд“, жените со големи задници се поврзани со повисока интелигенција, наводно поради имањето поголем број омега-3 маснотии кои помагаат при развивањето на мозокот.
6. Ако имате голем задник, помали се шансите да се разболите посериозно. Истата студија од Оксфорд покажала и дека жените со поголеми задници имаат помала шанса да се здобијат со дијабетес или срцеви болести, дури и покрај тоа што овие две состојби најчесто се поврзуваат со прекумерната тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.