| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен за сообраќај патот Тетово – Јажинце кај село Порој

јазинце

Нормализиран е сообраќајот за сите видови на возила на регионалниот патен правец Тетово – Јажинце кај село Порој, информираат од АМСМ.

Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

– На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините – велат од АМСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top