| четврток, 6 декември 2018 |

Ирачкиот парламент ги прифати реформите предложени од премиерот Абади

парла

Парламентот на Ирак го прифати планот со реформи на премиерот Хајдер ал Абади, чија цел е да се спречи наголемо раширената корупција во земјата и да се намалат меѓуверските тензии.

Планот реформи се појавува во време на антивладините протести на улиците на Багдад, во кои демонстрантите ги осудуваат властите за несигурното снабдување со електрична енергија, во услови кога главниот ирачки град и други делови од земјата се опфатени со пеколни горештини, поради високата температура.

Планот на премиерот Абади содржи седум точки и една од најважните одредби е да се престане со определувањето на високите владини и државни функции според религиозна основа или според партиските квоти, како што беше досега.

Најмногу критики на политичката поставеност на Ирак, како од домашната опозиција, така и од странство, беа упатувани кон досегашниот систем за поделба на функциите.

Ирак сега има тројца потпретседатели – двајца од редовите на мнозинската шиитска зедница и еден сунит, како и тројца заменици-премиери – по еден од редовите на шиитите, сунитите и синитските Курди.

Реформата на политичкиот систем што ја понуди премиерот, ги отфрла како непотребни функциите заменик-премиер и потпретседател на државата.

Планот содржи и определување на низа владини функции, на кои ќе се поставуваат политички независни личности, што се смета дека ќе помогне да се урне наголемо раширената корупција во земјата.

Спикерот на ирачкиот парламент, Салим ал Џубури, изјави дека реформите на премиерот биле прифатени од пратениците без дебата.

По соопштението за прифаќање на политичките реформи, пред парламентот во Багдад се одржа мирна манифестација за изразување поддршка на политиката на премиерот Хајдер ал Абади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top