| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчани украле мајмун од Зоолошката во Скопје

Две лица од Кавадарци украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје, потврди денеска полицијата. ­

zooloska-4

 

– Вчера во 17 и 30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси – рече Лиза Бендевска, портпарол во МВР.

Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им е мајмунчето, по што се пуштени. По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top