| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во посета на Прилепско

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на прилепскиот регион.

тирз делчево груевски

Според дневниот ред, Груевски прво ќе присуствува на поставување камен-темелник на спортската сала на основното училиште „Манчу Матак“ во Кривогаштани, а потоа на пуштање во употреба на пречистителна станица и канализациски систем во населеното место Секирци, општина Долнени.

Премиерот ќе присуствува и на пуштање во употреба на локалниот пат Дупјачани-Мало Мраморани, општина Долнени, а денешната посета ќе ја заокружи со остварување увид во градежните работи на Железничката станица во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top