Драма театарот „Рачо Стојанов“ од Габрово, Бугарија, вечерва во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид, а во рамки на новововедената фестивалска програма „Младо театарско ’Охридско лето’ “, со почеток во 21 часот ќе ја изведе претставата „Јованка Орлеанка“ од Фридрих Шилер, пиесата „Чучулига“ на Жан Ануи, и драмскиот текст „Успешни жени“ на Керол Чрчил во режија на Петринел Гочев.
Сценографијата и костимографијата се дело на Рин Јамамура, а улогите ги толкуваат актерите: Гергана Змијчарова, Димо Димов, Елизабет Попова, Ивајло Драгиев, Кристиана Ценкова, Магдалена Славчева, Надежда Петкова, Петко Петков, Светослав Славчев и Цветелин Бранков.
„Ова е приказната за средбата на два света – светот на една девојка и светот на границите, челичните лопати и правото на силата. Историја на една девојка, со особен поглед, даден од Бога, девојка што живее еден свет, заеднички со нашиот, но во друга сатурација на доживувањето, свет на ангели, на светци и на огнена смрт. Денес Јованка е светица, но што значи тоа? Го сакаме ли и ние тоа за себе? Ја сакаме ли светоста за себе? Можам ли да одолеам на слична заповед, неопходни ли се светоста и посветеноста во некоја кауза? Мести ли Бог во животот на обичниот човек и постои ли воопшто обичен човек, или сите сме повикани да постигнеме состојба на светост. Светоста е суштинската состојба на децата, го откривме тоа и во почетокот на оваа приказна – едно дете коешто игра дама и не сонува, не мечтае, бидејќи животот му е совршен… Но одеднаш…“, посочува режисерот Гочев на содржината на претставата чии адути се заситеноста и животните искуства.
Режисерот Петринел Људмилов Гочев (1968) е роден во Софија, но тој е познат и како скулптор и сценограф. Завршил средно училиште за применета уметност, а во биографијата му се вбројани над десет самостојни изложби, од кои дел се презентирани во Софиската градска уметничка галерија, во уметничките галерии во Варна, во Велико Трново и во Видин. Дипломирал режија во НАТФИЗ „Крсте Сарафов“ во класата на проф. Маргарита Младенова, а бил и директор на Драмскиот театар во Благоевград. Неговото големо враќање на театарската сцена е со спектаклот „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир во Драма театарот во Габрово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст