| четврток, 6 декември 2018 |

Спречете ја главоболката на природен начин

glavobolka

При честите, секојдневни главоболки веќе и пиењето апчиња не помага. Изберете да си помогнете но, овој пат со природни лекови. Има некои производи кои, навистина, отпуштаат и ја намалуваат главоболката.

Така на пример, една шоља кафе може да ја намали главоболката. Затоа што кофеинот е состојка што ја има и во апчињата против главоболка.

Масло од лаванда – исто така може да ви помогне. Мала масажа на челото и во областа кај слепоочниците навистина ќе ве отпушти. Чај од ѓумбир- познато е дека ѓумбирот е ефикасен лек за мигрената. Освен тоа што ќе ја намали болката во главата, исто така, ја отстранува и мачнината што се јавува при мигрената.

Зелката, исто така, помага. Земете еден лист зелка изгмечете го убаво да излезе течноста од него. Листот ставете го како облога на челото, а и сокот исто така помага при болка.

Компир – измијте еден компир и пресечете го на пола. Со половинката тријте го челото и слепоочниците, сè додека не почне компирот да се суши. После неколку минути болката сигурно ќе се смири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top