| четврток, 6 декември 2018 |

Клаус: Затворете им ги границите на емигрантите

Migrants crossing Macedonia on their way for the western Europe countries
Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, смета дека актуелниот бран на бегалци претставува голема опасност и според него, европските земји треба да преземат мерки на граничните премини за нивно спречување.

– Европа треба јасно да им каже „не“ на бегалците кои доаѓаат и треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на границите, за да не можат тука да дојдат – рече Клаус.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, сегашниот пристап кон ситуацијата, познатиот евроскептик го смета за неверојатна неодговорност на актуелните политичари, како во Чешка, така и во Европа.

Во средината на јуни, чешката полиција, заради миграцијата на бегалците од Азија и Африка кон Европа, ги засили контролите и бројот на откриени емигранти континуирано расте.

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Меѓу приведените најчесто се државјани на Сирија, Ирак и Авганистан, кои во Чешка доаѓаат од Грција преку Унгарија и Австрија, а нивната најчеста цел е Германија.

Чешката влада врз основа на претходен договор со земјите на ЕУ донесе одлука врз доброволна основа до крајот на 2017 година да прими 1.500 бегалци, најголем број од Италија и од Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top