| четврток, 6 декември 2018 |

Нова проверка за македонските кошаркари

Makedonija-kosarka-2-615x400
Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство. Попладнево (почеток во 16 часот) во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ противник ќе биде селекцијата на Израел. Со оваа селекција Македонија веќе одигра еден натпревар во петокот во Охрид и оствари победа од 75:58.

Влезниците за дуелот се по цена од 100 денари и може да се набават преку продажната мрежа на „МК тикетс“, на билетарата во салата, но и на бензиските пумпи на „Окта“, каде што ќе може да се купат алки, со кои ќе бидете дел од кампањата „Шанса за живот“. Секој што ќе донира и ќе ја покаже алката на влезот на салата, ќе има можност бесплатно да го проследи пријателскиот натпревар Македонија – Израел.

Серијата контролни дуели нашата најдобра селекција ја продолжува во петок кога во Гевгелија ќе гостува селекцијата на Венецуела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top