Најтешко и најважно е да се одбере соодветната диета за вас и за вашиот метаболизам и тело, но постајат неколку универзални правила кои мора да се одбегнуваат, без разлика за која диета и вежби ќе се одлучите.
Изгладнување
Доколку се откажете од одредено јадење, може да се доведете до нутритивен дефицит. Наместо целосно избегнување на сè, пример јаглехидрати, обидете се од менито да ги отфрлите тестенините, но не кратете ги житарките со цело зрно.
Вежбање на празен стомак
Кога вежбате без прво да појадувате, се трошат мускули, а не масти. Важно е да го слушате вашето тело, а ако јадете добро, не само што ќе избегне те губење на мускулите, туку ќе имате и многу повеќе енергија.
Малку сон
Важно е да се наспиете ако сакате да изгубите тежина. Премногу малку спиење може да го зголеми апетитот и да предизвика искушение да јадете повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.