Последните истражувања покажуваат дека на јагленохидратите реагираат одредени клетки од мозокот, кои се типични и за наркозависниците.
Магазинот „Американ џурнал оф клиникал нутришн“ објави студија за влијанието што го имаат јаглехидратите врз организмот – се покажало дека предизвикуваат зависност.
Храната со висок гликохемиски индекс, како белиот леб, корнфлексот, бонбоните и слично, може да предизвика зависност, дејствувајќи на поединечни регии во мозокот поврзани со копнежот.
Во истражувањето учествувале 12 покрупни испитаници на кои им било дадено да пијат едно фрапе со ниско ниво на гликохемиски јаглехидрати и едно што содржело високо ниво на гликохемиски јаглехидрати.
Според резултатите, кај лицата што консумирале високо ниво на јаглехидрати дошло до интензивна активација на поединечни регии во мозокот, и тоа оние што се поврзуваат со зависност од дрога.
Испитаниците чувствувале зголемен глад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.