Рубин комплетно потемне и е во лоша форма пред двомечот со Работнички, а попладнево тимот од Казањ го претрпе и четвртиот пораз во новото издание на руското фудбалско првенство. Избраниците на Ринат Билјатединов загубија на свој терен со 0-3 од Ростов и останаа заковани на дното на табелата по 4 кола, без ниту еден бод и без постигнат гол.
Сега гол-разликата на Рубин е 0-7 што е катастрофален старт за тим од нивниот калибар и за клуб што играл четвртфинале во Лигата на шампионите.
Двомечот со Работнички во плејофот ќе се игра на 20. и на 27. август, најпрво во Скопје, па во Казањ. Победникот ќе игра во Европа Лигата на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.