| четврток, 6 декември 2018 |

Трагите на рацете откриваат скриени болести

Секоја рана и пега имаат некаква историја, но појавите на рацете можат да кријат и некоја подлабока приказна. Гледајќи ги дланките и прстите можете да откриете рани знакови на опасни болести.

race

– Некогаш било вообичаено докторите да гледаат во дланките на пациентите бидејќи на тој начин можеле да воочат траги кои се важни за целокупното здравје. Овој метод мора да се врати во пракса, бидејќи рацете можат да укажат на многу хормонални промени и да откријат каков ни е имунитетот“ – тврди ендокринологот од Њутон, Масачусетс, Кенет Бланчард.

Еве седум важни симптоми кои можат да се најдат на рацете:

1. Црвени дланки

Црвените дланки можат да бидат последица на дигање на тежок товар, работа во градина, рачно перење или држење на жешки предмети. Но, ако дланките ви останат црвени долго време, тоа може да биде знак за болест на бубрезите, особено цироза или масни наслаги. Исклучок се бремените жени, кај кои црвените дланки се нормална појава бидејќи доаѓа до зголемен проток на крв, што предизвикува црвенило.

2. Должина на прстите

Кај мажите најчесто прстот на кој се носи бурмата е подолг од показалецот, што кај жените е обратно. Доколку жена има машка физиономија на прстите, има двојно поголеми шанси да добие остеоартритис, тврдат научниците во студии објавени во 2008-та година во весник специјализиран за артритис и ревматизам.

3. Потечени прсти

Ако сте седеле во една положба подолго време и на вашето тело му е потребно да се раздвижи, ова е нормална појава. Тоа може да биде и последица на жештина, менструален циклус или преголемо количество на сол внесена во телото. Но ако вашите прсти се дебели и крути, а прстенот не ви одговара и покрај тоа што со денови сте пиеле многу течности, отеченоста можеби укажува на хипотиреоза.

4. Бледи нокти

Во нормални околности, ако благо го стиснете нокотот, крвта се повлекува и се појавува бела дамка, но розевата боја се враќа многу брзо. Во случај вашите нокти да остануваат бели подолго време после притисокот или изгледаат бледо цело време, тоа може да биде знак на анемија.

5. Ситни црвени линии под ноктите

Изгледаат како темно црвени или кафеави пруги под ноктите. Тоа се подрачја на крварење кои можат да сигнализираат инфекции на срцето или крвта. Ова ситно крварење се случува кога малите крвни зрнца го забавуваат протокот на крв во капиларите под ноктите (и на нозете).

6. Дебели и заоблени врвови на прстите

Ова може да биде знак на срцева болест или болест на белите дробови. Можеби сте приметиле и заоблување на ноктите, така што се јавува заоблување надоле. Ако циркулацискиот систем на срцето или белите дробови е ослабен, количеството на кислород во крвта најверојатно ќе падне. Со текот на времето мекото ткиво на прстите расте и врвовите на прстите и ноктите се виткаат на надвор.

7. Сини прсти

Сиво-сините раце, трпнењето и губењето на чувството може да бидат знаци на пореметување на циркулацијата, познато како Рејнодов симдром или болест.

Рејнодовиот синдром предизвикува нагли привремени грчеви во крвните садови, а тоа ја намалува циркулацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top