| четврток, 6 декември 2018 |

МВР ги осуди двата инцидента по натпреварот Вардар – Скупи

МВР најостро ги осудува двата вчерашни напади во Скопје кои уследија по фудбалскиот натпревар Вардар – Скупи, во кои се повредени пет лица и интензивно работи на откривање и на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на кривичното дело, изјави за МИА портпаролот на Министерството, Лиза Бендевска.

– Работиме на утврдување дали станува збор за навивачка група и сѐ уште се утврдуваат фактите дали двата настана се поврзани. Според досегашната истрага, петте оштетени биле нападнати од лицата без повод и причина – рече Бендевска.

Првиот инцидент се случил синоќа, околу 23 часот, на Плоштадот „Македонија“ кога од страна на повеќе непознати лица физички се нападнати Б.И.(20), М.А.(23) и уште еден 14-годишен малолетник. Тројцата се здобиле со телесни повреди, при што Б.И. бил пренесен во Ургентниот центар, а останатите две лица се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Вториот инцидент, пак, се случил околу 15 минути по полноќ на ул. „Никола Парапунов“ кога неколку непознати лица физички ги нападнале Н.И.(24) и Џ.И.(24) од Велес, употребувајќи и тврди предмети и притоа им го оштетиле и возилото по што го напуштиле местото на настанот. Двете лица се пренесени во Градската болница „8-ми Септември“ каде што им е укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top