Годинашниот добитник на наградата „Живко Чинго“ е расказот „Мојата куќа во Крст-џамија“ на авторот под шифра „Куќа“.
Наградата „Живко Чинго“ е во рамки на конкурсот за најдобар расказ што традиционално веќе 27 години ја распишува Општина Охрид во знак на почит кон делото на познатиот писател од охридскиот крај.
Како што истакна претседателот на Жири-комисијата, Смиле Наумоски – Брсјак, расказот „Мојата куќа во Крст-џамија“, споредбено со останатите 73 пристигнати трудови, заради композицијата, силината на уметничкиот израз, повеќеслојноста на расказот и пораките што ги дава, заслужува да биде награден како најдобар.
Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што секоја година се одржува на 13 август, роденденот на овој познат македонски прозаист и драмски писател, во неговото родно место, селото Велгошти, Охридско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст