Ви ги претставуваме петте чифта чевли што ви се неопходни и кои може да ги комбинирате со сѐ што имате во гардероберот.
1. Црни салонки
Невозможно е да го минете животот без еден чифт класични црни салонки. Тие одговараат буквално на сѐ – од фармерки, преку маици до свечена тоалета.
2. Бели патики
Секоја жена треба да има еден пар удобни патики за лежерен викенд. Белите патики се одличен избор и за секојдневно излегување на кафе, кога ќе се комбинираат со убави парчиња облека.
3. Сандали на висока потпетица
Ако треба да одите на некои формални настани, а не сакате да облечете високи црни салонки, тогаш елегантни сандали на висока потпетица е вистински избор за вас. Ако одберете некоја неутрална боја, тогаш сте го направиле вистинскиот избор.
4. Полувисоки чевли
Зимата не може да се замисли без добри чизми. Но, елегантен пар полувисоки чевли се одличен избор. Може да ги носите цела есен и зима, а на пролет исто така може да излгедаат добро ако се комбинираат со кратки панталони или здолниште.
5. Рамни сандали
Во орманот треба да имате и едноставни сандали, без висока потпетица во кои ќе уживате да газите по жешкиот асфалт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст