| четврток, 6 декември 2018 |

Карактеристики на августовските деца

Овој сончев летен месец им носи многу уникатни квалитети на тие што се родени во него, кои ги разликуваат од родените во другите 11 месеци од годината. Во нив се споени карактеристиките на двата хроскопски знака родени во август, Лав и Девица.

Најопштото за нив е дека се горделиви и дека имаат лидерски квалитети. Покрај тоа, тие обично се привлечни и сакаат пофалби.

Луѓето родени во овој месец се полни со магнетизам и амбиција. Тие се шармантни, енергични и општествени. Борци по природа и имаат силна волја, храбри и подготвени да преземат ризици. Општо земено тие имаат имагинативен, брз ум, набљудувачи се и имаат лидерски заложби.

Карактеристични за нив се големата самоконтрола и увереноста во себе и во своите способности, но понекогаш се однесуваат многу себично.

Можат да бидат премногу бучни кога сте во друштво. Ова, се разбира, е со цел да го привлечат вниманието кон себе бидејќи се суетни и имаат големо его.

Понекогаш се многу злобни и злопамтила. Покрај тоа, лесно се разгневуваат, ако некој ги провоцира. Но, и покрај тоа се грижливи, дарежливи и лојални кон партнерите.

Сакаат да бидат сакани, но мразат да се чувствуваат премногу врзани. Копнеат за слобода и можат да бидат многу бунтовни ако некој им постави ограничувања.

Многу се љубоморни по природа.

Талентирани се за уметност и за музика. Освен тоа, лесно се реализираат како правници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top