| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски државјанин ја предизвикал собраќајката во која загинаа две деца?

soobrakajka
48-годишен македонски државјанин е приведен во Србија под сомнение дека ја предизвикал вчерашната тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа две деца, пренесува Канал 5.

Српските медиуми објавија дека станува збор за Бајрам J. возач на автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Виена.

Тој на автопатот Ниш-Белград, кај местото Велика Плана, од се уште неразјаснети причини со автобусот се забил во автомобил марка тојота, која се движела пред него и која намерно ја намалила брзината за да избегне сообраќајка која се случила на автопатот меѓу две други возила.

Во тојотата, во која се наоѓало 7-члено семејство од Германија, на самото место загинале бебе и 7-годишно дете.

И македонскиот возач бил пренесен во болница, а по извршениот преглед му било одредено полициско задржување под сомнение дека извршил тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top