| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ бара од Србија да направи град за 400.000 емигранти!?

imigrantiЕУ сака да направи во Србија голем азилантски центар, а во тек е разгледување на план  да се формира голем центар за дури 400.000 емигранти од Сирија и од Ирак, тврди претседателот на собранискиот Одбор за безбедност, генерал Момир Стојановиќ за српски „Телеграф“.

Генералот апелира Србија по никоја цена да не дозволи основање ваков центар затоа што тоа бил огромен безбедносен ризик.

– Дури и само една петтина од емигрантите да останат во Србија, тоа би бил голем економски но и безбедносен ризик затоа што меѓу така голема популација мора да постојат и следбеници на радикалниот ислам – предупредува Стојановиќ.

Тој вели дека сè уште нема формално барање од ЕУ за формирање на овој центар, но дека за тоа во Брисел најсериозно се размислува. Министерот за работа и социјални прашања Александар Вулин вели дека Србија ги исполнува сите законски должности кон емигрантите, но дека не и е обврска на нејзина територија со сила да задржува луѓе што не сакаат да бидат во Србија.

 

– Такво барање не постои ниту било кој може да го постави. Не градиме ниту ќе градиме таков центар – тврди Вулин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top