| четврток, 6 декември 2018 |

Топла, но не и пеколна работна недела

leto_plaza_2015_1
Оваа работна недела очекуваме релативно топло време, со тоа што најтопло ќе биде на самата средина на истата. Сепак не може да се каже дека очекуваме „пекол“ топло заради тоа што температурата која што се очекува оваа работна недела нема да надмине 38°С, и тоа во најтоплиот регион, југот на повардарието.

Според Метеопро максималната температура неделава ќе има вредности од 35°С до 38°С во повардарскиот регион и низините во источниот крај. Врнежи во источниот регион речиси и не се очекуваат. Во западниот крај пак, се очекува краткотрајна попладневна нестабилност која ќе донесе само локален дожд, и тоа пред се околу планините во овој крај.

Среда и четврток се со најмала веројатност за дожд. Засега, позначителен дожд се очекува кон крајот на петок.
Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top