| четврток, 6 декември 2018 |

Патувачкото кино „МакеДокс“ оваа година во Дебарца

„МакеДокс“ тргна на Патувачкото кино, кое годинава од 10 до 22 август ќе се одвива во областа Дебарца. Патувачкото магаренце на „МакеДокс“ ќе посети десет села од оваа област и ќе овозможи синеастичко доживување со документарни филмови од својата програма.

Patuvacko kino 2015 Mapa01

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава ќе ги посети и ќе ја пренесе сензацијата на синеастичкото доживување во следниве десет села на славна Дебарца и по следниот распоред: село Волино (10 август), с. Белчишта (11 август), с. Издеглавје (12 август), с. Мешеишта (14 август), с. Слатино (15 август), с. Ботун (16 август), с. Злести (18 август), с. Оровник (19 август), с. Лешани (21 август) и село Велмеј (22 август).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top