Мирољубиво дерби без голови одиграа првакот Динамо и вицешампионот Риека вечерва во рамките на петтото коло од хрватското првенство. Ривали на тернот беа и македонските репрезентативци Аријан Адеми во редовите на Динамо и Стефан Ристовски на спротивната страна во гостинскиот тим на Риека.
Ристовски доби и жолт картон, но има и повеќе причини за радост, бидејќи неговата Риека освои еден бод против главниот фаворит за титулата и најскапиот тим во хрватското првенство. И тој и Адеми го одигра целиот меч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



