| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил: Убиен новинар за време на радио емисија

Бразилски новинар и радио водител познат по антикорупциска кампања e убиен за време на емисија, соопшти полицијата која смета оти убиството е политички мотивирано.

Gleydson Carvalho 2new

Новинарот Глејдсон Карваљо бил убиен со пет куршуми додека ја водел својата емисија на радио станица во Бразилија. Безбедносните сили го идентификувале осомничениот и трагаат по него.

Според Репортери без граници, Бразил е трета најопасна држава за новинари по Мексико и Хондурас. Во периодот 2000-2014 година во Бразил се убиени 39 новинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top