| четврток, 6 декември 2018 |

Германецот Херцлер ја донесе во Скопје девојка си и тука ја побара за жена

За 33-годишниот Германец, Мирко Херцлер, Скопје е поромантично од Германија. Тој иако нема ништо македонско во своето потекло, по две куси службени посети на земјава, одлучил третиот пат, специјално да дојде заедно со својата долгогодишна љубов, 30-годишната Kаролин Редлин и токму во центарот на Скопје да ја побара нејзината рака.

zaprosi

– Сакам мојата врска со Kаролин да биде силна, цврста, топла како што е Македонија и како луѓето овде, сакам сета поврзувачка енергија што зрачи од вас да биде темел на моето идно семејство со Kаролин, видно возбуден, со растреперен глас, од кој зрачат впечатоци и љубов – почнува да раскажува Мирко за весникот „Дневник“.

zaprosi2

Овие заљубени Германци и својата венчавка планираат да ја направат во ромнатичната и топла Македонија.

Целата романтична сторија, прочитајте ја на Дневник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top