Уште два тома од оставината на македонскиот дисидент Драган Богдановски, се објавени во издание на „Македоника литера” од Скопје и на Државниот архив на Македонија.
Се работи за четвртиот том, кој го содржи вториот од двата дела на историско-документарниот роман на Драган Богдановски „Македонска трагедија” и том 5, со наслов „Македонска судбина”, кој исто така содржи еден обемен историски роман.
Кон крајот на минатата година беа објавени три тома: „Погледи кон историјата на Македонија”, „Осврти за македонската историја и политичката емиграција” и „Македонска трагедија-прв дел”. Наскоро ќе биде објавен шестиот том, кој содржи избор на документи од неговото обемно политичко и полициско досие.
Сите шест тома се објавуваат под заеднички наслов „Мојата борба за Македонија”, а редактори на едицијата се д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст