| четврток, 6 декември 2018 |

Тест за бременост на Старите Египјани, кој делува и денес

Пред илјадници години Старите Египјани не само што имале природен лек за речиси сите болести што ги знаеле со мешање на билки, зачини, храна, итн, туку и ронашле начин да направат тест за бременост дома.

Оваа техника е многу едноставна. Тие ставале зрно пченица и зрно јачмен во сад, во кој жената уринира, го покривале садот со крпа и чекале до следниот ден.

Ако нзрната изртеле значи дека таа е бремена, а ако не, тогаш не. Дури имале и теорија дека во зависност од тоа кое зрно повеќе че изрти, може да се одреди и полот на детето.

Истражувачите уште во 60-тите години на минатиот век, потврдиле дека овој тест е 70% точен, не многу помалку од современите тестови за бременост.

Античкиот тест за бременост работи на истиот принцип како модерниот, забележувајќи ги хемиските промени кои се присутни само кај бремените жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top