Вчеравечер во 22,00 часот по тргнување на возот од железничка станица Лисиче во правец на железничка станица Скопје, поточно на влезот на железничка станица Скопје, во непосредна близина на зградите на ул.„Михаил Чаков“, од паркот пред зградите, непознато лице го каменувал патничкиот воз бр.644, кој сообраќа на релација Битола-Скопје со моторна гарнитура број В 716-107 сопственост на Македонски Железници.
Од каменувањето е скршено едно неподвижно стакло од наведената гарнитура, при што е повреден патникот Н.Г.(1991) од Прилеп, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.