| четврток, 6 декември 2018 |

Салопек не е погубен, Загреб во дипломатска офанзива за ослбодување

Хрватскиот министер за надворешни работи Весна Пусиќ синоќа се врати во Загреб, по серијата разговори со египетските официјални претставници посветени на понаоѓањето и ослободувањето на Хрватот Томислав Салопек, кој е задржан како заложник од страна на џихадистите во Египет, јави ХИНА.

– Хрватската Влада и Министерството за надворешни работи ќе продолжат да работат на решавање на случајот со киднапираниот хрватски државјанин, но поради сложноста на состојбата во овој момент не можеме да откриеме повеќе детали, соопшти Министерството.

Салопек, кој работи за една француска компанија во Египет, беше киднапиран во близината на Каиро на 22 јули, по што во средата џихадистичката група која себе си се нарекува Провниција Синај на Исламската држава, на интерент објави видео во кое се тврди дека 30-годишниот Хрват ќе биде убиен, доколку во рок од 48 часа египетските власти не ги ослободат од затворите „муслманските жени“.

Крајниот рок на ултиматумот истече вчера во 17:35 часот по средноевропско време.

Извори во египетските тајни служби соопштија дека нивни припадници интензивно трагаат по Хрватот на повеќе локации во Егиепт, вклучлувајќи и реони околу границата со Либија, Делтата на Нил, околината на Каиро и југоисточните региони.

ТАСС синоќа јави дека египетските служби го лоцирале местото на кое џихадистите го држат Салопек.

Египетскиот интернет портал „Ал Хаба Прес“ информира дека Хрватот е жив и дека египетските безбедносни сили прават план за негово ослободување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top