| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени двајца полски новинари во Гевгелија

Полскиот новинар Јан Хуните и фотографот Максимилијан Ригамонти биле приведени од македонската полиција на грчко-македонската граница, пренесе „Радио Поланд“.

„Бев приведен од македонската полиција под обвинение за нелегално преминување на границата заедно со бегалци од Блискиот Исток во градот Гевгелија”, напиша Ригамонти на „Твитер“.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи Марчин Војчеховски соопшти дека двајцата полски граѓани снимале репортажа за бегалската криза во земјата.

– Нашата амбасада во Скопје веќе има преземено акција – изјави Војчеховски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top