Ова магично масло е стар рецепт кој помага кај проблемот со опуштен стомак по породувањето и стриите на задникот и бутовите.
Односно, овој рецепт е мешавина од повеќе масла кои кога ќе ги спојат своите својства даваат одлични резултати.
Потребно ви е:
100 мл нерафинирано маслиново масло
20 капки масло од рузмарин
20 капки бадемово масло
20 капки масло од смрека
20 капки масло од лимон
20 капки масло од каранфилче
Измешајте ги сите масла заедно и преточете во стаклена амбалажа. Нанесувајте го секојдневно на проблематичните делови на кожата.
По нанесувањето, рацете добро измијте ги. Овие масла се исклучително добри за кожата, но ако случајно ги потриете очите, може да предизвикаат иритација.
Етеричните масла може да се набават во аптеките, билните аптеки или продавниците за здрава исхрана. Маслиновото масло се продава во поголемите маркети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.