Конечно е објавен долгоочекуваниот трајлер на филм „Покрај морето“, во кој главните улоги ги толкуваат Анџелина Џоли и Бред Пет.
Тие во филмот играат брачна двојка која минува низ кризи и бурен период. Дејствието на филмот е сместено на француската ривиера во 70-те години на минатиот век.
„Покрај морето“ е приказна за поранешната танчерка Ванеса и нејзиниот сопруг Роланд, американски писател. По повеќе години брак, тие се оддалечиле еден од друг, но кога ќе стигнат во едно мирно градче крај морето, нивните животи ќе се променат.
Минувајќи го времето со жителите на тоа живописно место, Ванеса и Роланд почнуваат да ги решаваат проблемите во нивниот живот.
Ова е прво заедничко филмско остварување на Анџелина Џоли и Бред Пит по 2005 година, кога глумеа во големиот хит „Господин и Госпоѓа Смит“.
Анџелина Џоли е и режисер и сценарист, а филмот снимен на атрактивна локација на Малта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?
-
Џоли до мајките од Сребреница: Криминалот не смее да се заборави!
-
Ѓуро објави фотографија со Анџелина Џоли на „Фејсбук“, а одмаздата на неговата сопруга на „Инстаграм“ беше фотографија со…
-
Платила 25 милиони долари: Погледнете го новиот дом на Анџелина Џоли (ФОТО)