Со огласи во шест најтиражни весници во Албанија, германската Влада се обидува да запре бран азиланти од таа балканска држава и да ги предупреди дека во Германија нема да добијат „економски азил“.
– Само оној кој може да докаже дека во својата држава бил прогонет има право на заштита и престој во Германија, се вели во еден текст упатен до Албанци кои бараат азил во Германија и се истакнува дека нема „економски азил“.
Можност за работа има само за експерти, со академско образование, но со претходно исполнети одредени предуслови, се додава во објаснувањето. На Албанците им се советува да не го руинираат својот живот и да се упатуваат кон Германија и се предупредува дека одбиените азиланти мора да се вратат во својата држава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел