| четврток, 6 декември 2018 |

Полициската станица во Ѓорче Петров ќе биде готова до крајот на годинава

по

Интензивно се гради новата полициска станица во општината Ѓорче Петров. Предвидено е градежните работи да завршат до крајот на годинава.

– Полициската станица ќе располага со сутерен и три ката или вкупно 855 квадратни метри корисна површина. Пред објектот се планирани и неколку паркинг-места, а просторт околу зградата ќе биде хортикултурно уреден – информира општина Ѓорче Петров.

За противпожарната станица ќе се обезбедат 615 квадратни метри . Со тоа, како што се наведува во соопштението, во целост ќе се задоволат потребите на единицата која сега работи во несоодветни услови и има на располагање само 124 квадратни метри.

Старата зграда која ја користат пожарникарите е изградена во 1936 година, а бараките во кои сега функционира полициската станица се изградени во 1963 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top