Со концерт на најмладите таленти на Струмица, а кој ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во дворот на АРМ, свечено ќе биде отворено годинашното четврто издание на десетдневната манифестација „Отворен фестивал на Струмица“.
Следните десет дена во Струмица ќе бидат исполнети со 20 настани распоредени на неколку локации во големиот градски парк и тоа од областа на театарот, филмот, поезијата, ликовната уметност, фолклорот, ќе има и работилници, обуки, многу награди и бројни изненадувања и секако фестивалот ќе кулминира во последните три дена со многу музика од познати балкански и светски изведувачи и разни жанрови за сите вкусови.
Како и минатите година, така и оваа, Општина Струмица финансиски ја поддржува оваа летна манифестација со три милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст