УЕФА го скрати списокот на можни противници на Работнички во плејофот за пласман во Лигата на Европа, а најатрактивен од шесте можни противници е Фенербахче. Покрај турскиот гигант, денеска на ждрепката во Нион од 13 часот на романтичарите можат да им се „паднат“ како противници и Бордо, Салцбург, Рубин Казањ, Лех или Либерец.
Лесни противници во последната филтер рунда за настап во ЛЕ нема, а најатрактивен, секако, е Фенербахче со новите две летни ѕвезди во тимот Ван Перси и Нани. Натпреварите ќе се играат на 20 и на 27 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.