Македонската пејачка Елена Ристеска е во Сараево каде што настапи како гостинка на концертот на „Регина“, со кој босанската група го одбележа 25-годишниот јубилеј. Ристеска и „Регина“ зад нив ја имаат заедничката песна „Љубав није за нас“.
По концертот, Ристеска со постконцертно селфи ги поздрави своите обожаватели од кревет.
Ристеска остана неколку дена во БиХ, каде што настапи и гостуваше на уште неколку телевизиски емисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.