| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп може да биде независен кандидат за претседател на САД

2012 Golden Goggle Awards

Американскиот милијардер Доналд Трамп не ја исклучи можноста да се јави како независен кандидат на претседателските избори во САД во 2016 година, ако не биде номиниран од Републиканската партија.

При отворањето на првата ТВ-дебата меѓу десеттемина најодобрувани кандидати за републиканската номинација, организирана од „Фокс њуз“, новинарката ги праша учесниците: „Кој нема намера да вети дека ќе се ангажира да го поддржи кандидатот на Републиканската партија и нема да се јави како независен кандидат против него?“

Само Трамп крена рака. – Нема да го ветам тоа во оваа фаза – изјави бизнисменот, кој води во анкетите меѓу републиканските кандидати.

Ако Трамп учествува во трката за Белата куќа како независен кандидат, тоа веројатно ќе ги раздели гласовите на републиканците и ќе ги зголеми шансите за победа на Хилари Клинтон или друг претставник на Републиканската партија, сметаат аналитичарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top