| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца рудари загинаа во Чешка

руда

Три лица загинаа, а две се повредени по експлозија на гас, што се случи во текот на ноќта во рудникот Дарков во источниот дел на Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што информираше Марек Сибрт, портпарол на компанијата за јаглен и кокс ОКД, која го управува рудникот.
На местото на несреќата веднаш пристигнала медицинска екипа и хеликоптер, кој ги пренел повредените со изгореници во болница.
Причините за несреќата ќе се испитуваат од страна на комисија составена од сручњаци што се занимаваат со оваа област и претставници на рударскиот Синдикат во соработка со полицијата.
Последната несреќа во рудниците на ОКД се случи во ноември минатата година, кога загинаа три лица, а деветмина беа повредени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top