| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: МВР да прекине со популистичките апсења на поддржувачите на ИСИС

kelija

МВР на повеќе локации за кои собирала податоци 11 месеци уапси 9 лица за кои постои основано сомневање дека се вклучени во радикалниот исламизам во Македонија.

Очекувано, по акцијата на МВР наречена „Ќелија“ во која беа уапсени деветте осомничени исламисти за регрутирање борци на ИСИС од Македонија и можни акции во земјата, со реакција се јавија стручњаците од опозицијата.

– Доста е со популистички потези во кои ќе се апсат невини лица и ќе се лаже јавноста дека, наводно, биле исламисти, поддржувачи на ИСИС и лица што регрутираат борци за паравоените формации на Блискиот Исток – велат тие.

– Јасно е како ден дека ова е само попуст обид на новиот министер за внатрешни работи да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми во државава како што се панорамското тркало, новата сала во музејот на ВМРО и непојавувањето на Заев на рочиштето за „Пуч“ – додаваат познавачите на работите од опозициониот блок.

Инаку, самата Исламска верска заедница за џамиите Јаја-паша и Тутунсуз, кои беа цели во акцијата на МВР, одамна изјави дека не се под нејзина ингеренција и дека таму „се извртува традиционалниот ислам“. Во акцијата е уапсен и имамот на овие џамии, а во Тутунсуз џамија било пронајдено и знаме на Исласката држава, која неодамна ги повика своите членови да преземаат терористички акции и на Балканот (вклучително и во Македонија).

Опозиционен експерт за разбивање на непријателската пропаганда на ова кратко и самоуверено искоментира: „Па не знам баш јас тоа!“

Во соопштението на Заев упатено до судот стои: „СДСМ заедно со нејзиниот лидер јасно и гласно кажа дека не го почитуваме веќе овој суд, таа почит веќе никогаш да не се повтори, како и дека Зоран Заев нема да се појавува на рочиштата за ’Пуч‘, и тоа го кажавме! Така Бог одлучи! Така да това е това шо ние мислејме за судот! А овие невини лица од ИСИС кои ги уапсил господинот Чавков треба да бидат ослободени. Ако има храброст, нека дојде да ме уапсе мене!“

Покрај 9-те уапсени, 27 осомничени радикални исламисти се сѐ уште на слобода.
 Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top