| четврток, 6 декември 2018 |

Киврак се враќа на голот на Трабзонспор, стартер ќе биде и Кардозо

rabotnicki-2

Онур Киврак кој е еден вид икона на Трабзонспор и голем миленик на навивачите на овој клуб, вечерва ќе го брани голот на турскиот клуб против Работнички, а во првиот состав речиси сигурно ќе биде и најголемата ѕвезда Оскар Кардозо.

Киврак беше еден од актерите во големиот инцидент пред мечот во Скопје и си замина по првиот тренинг за Истанбул, па не бранеше во поразот на Трабзонспор од нашиот претставник со 0-1. Раководството на клубот му го прости гревот под притисок на навивачите и Онур ќе брани вечерва од 19 часот за Трабзонспор.

Кардозо беше на мета на новинарите поради слабата игра во Скопје и очигледно беше дека тој не е максимално подготвен, но ќе игра од првата минута во реваншот.

Тренерот на Тразбонспор, Шота Арвелаѕе пак ќе биде на мака, бидејќи нема да може да смета на турскиот репрезентативец Екичи, кој е еден вид алфа и омега во тимот, а стартер веројатно нема да биде ниту М`Биа, големото летно засилување на Трабзонспор од Севилја. Камерунецот не е максимално подготвен и би можел да влезе во игра од клупата за резерви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top