Краткотрајно, силно невреме со пороен дожд, ветер и грмежи го зафати Скопје. Во одредени делови падна и град.
Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Управата за хидрометеоролошки работи најави нестабилна облачност попладнево, особено во западните и северните делови од Македонија, но и во планинските региони.
Температурата ќе биде од 30 до 36 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.