По повеќе од еден месец активности, заврши годинешната истражувачка кампања на античкиот локалитет Билазора, Кнежје, Светиниколско, по што следува стручна обработка на пронајденото, а потоа и презентација за досегашните резултати од истражувањата.
Како што соопшти Министерството за култура, истражувањата беа раководени од страна на проф. д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Народниот музеј на Свети Николе и Управата за заштита на културното наследство.
– Како дел од капиталните проекти на Владата на Република Македонија од областа на археологијата, археолозите на овој локалитет работеа на доистражување на т.н. владетелска палата од 4 век пр.н.е, односно на отворениот двор (атриум) со колонади и уште на неколку нови простории откриени годинава. Со овие активности се истражени 70 проценти од целата палата, а остатокот допрва ќе се ископува, се посочува во соопштението.
На локалитетот се работи повеќе од триесет години, но сеопфатни систематски истражувања се прават во изминативе години, кои се концентрирани на откривање на просторот на т.н. акропола на локалитетот.
Локалитетот Билазора е еден од најзначајните раноантички локалитети во Македонија и единствен од ваков вид во средна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст