Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и во северни делови, но и во останатите планински региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.
Во Скопје температура до 36 степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда. Во деновите од викендот, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст