Зема огромни пари од Сорос, во времето на СДСМ земал и државни пари, а фигурира и во неколку невладини организации од македонското политичко подземје – објави „Сител“. Џабир Дерала, според телевизијата, се разоткрива како еден од главните соросоиди, кои за интересетие на СДСМ се претсавува како НВО.
И покрај овие факти, Дерала бара да донесува одлуки во преговорите за надминување на политичката криза. Односно бара да биде власт без избори. Дерала и неговата организација „Цивил“ за само три години од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524.569 евра. Според економските стручњаци, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку – објави „Сител“.
Голем дел од граѓаните никогаш не слушнале за „Цивил“ и за нејзините активности, но и покрај тоа оваа организација добивала грантови од Фондацијата на Сорос, од други меѓунарони донатори, но и од државата. Во 2005 година, кога кадар на СДСМ го водеше Советот за радиодифузија, на Дерала и на „Цивил“ им бил одобрен проект вреден 27.000 евра за да снимаат филм. Филмот не ја видел светлината на денот, а во 2013 година Советот поднесува и тужба за него.
Според извори од СРД, поради нелогичниот договор што го составил тогашниот претседател од СДСМ, судот проценил дека Дерала не треба да ги врати парите, туку осум години откако ги земал треба да почне да го снима филмот.
Покрај овие ангажмани. Дерала фигурира во невладините од македонското политичко подземје како „Ајде“ и во „Граѓаните за Македонија“. Неговата организација е една од постарите Соросови организации во Македонија.
Иако персоналот го сочинуваат четири лица, се претставуваат дека се стручњаци за избори, медиуми, човекови права, филм, музика, европски интеграции и сѐ друго за што може да се добие грант од „политичкото подземје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст